Љубов и секс

Најдобра другарка или сестра ?!

Низ животот на една личност поминуваат многу луѓе, едни ги поздравуваме само ако мораме а други ги гледаме еднаш и никогаш повеќе а трети ги запознаваме еднаш и траат за цел живот.

Ете од овие луѓе беше ти која влезе во мојот живот случајно и намерно остана засекогаш.Пријатели во животот ги има многу но оние вистинските се многу ретки што можеш на прсти да ги изброиш. Нас две не спои бог не направи од две во едно цело,ние за толку кратко време најдовме нешто заедничко нешто што ќе трае, јас и ти најдовме еден заеднички јазик,не ни требаше време за да разбереме дали ќе си веруваме една на друга , се се одвиваше толку брзо ти стана мојата најдобра другарка односно мојата сестра.

Многумина се обидоја да ме разберат да ме поучат,да ме утешат понекогаш но никогаш не се чуствував исто како што го правеше ти откако влезе во мојот живот ,во тебе имаше нешто посебно нешто смирувачко во твојот глас имаше нешто сосема друго незнам што но имаше. Најдобра другарка ми си затоа што многу пати ќе се инаетиме една на друга,ќе се изнаразвикаме па повторно ќе си подадеме рака како мали дечиња толку многу искрено и како ништо да не било.Што и да се случи добро или лошо веднаш се јавуваме една кај друга.

Најдобри другарки сме затоа што ме поднесуваш и кога сум најлоша, ме разбираш во секоја ситуација, и кога не сум во право знаеш да кажеш така е.Најдобри другарки сме затоа што никогаш не го премолчуваме тоа што ни пречи една кај друга.Најдобрата другарка никогаш не ја остава својата другарка сама такви сме јас и ти.Најдобри другарки сме бидејќи правиме милиони глупости кој ги знаеме само јас и ти, и кога грешиме грешиме заедно.Најдобри другарки сме затоа што никогаш не ми правиш да се чувствувам непријатно. Дали тоа била непријатна тишина или непотребни коментари.Но, ти не го правиш тоа.

Со тебе секогаш е пријатно и секогаш има смисла. Не морам да ти објаснувам ништо и не морам да се грижам дали ќе ми ги разбереш шегите. Ти веќе си разбрала и продолжуваш со наредната шега. Благодарам најмила! Навистина ми го олеснуваш процесот на социјализација.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ