Македонија

Прилепчани во шок: Добиле гарнитура со змија (ФОТО)

Прилепска фамилија доживеала шок откако гарнитурата која ја нарачале од салон за мебел во Прилеп, од каде што првиот пат гарнитурата половина била погрешна боја, и веднаш ги замолиле да му ја вратат и да добијат онаква каква што нарачале.

Гарнитурата веднаш била исплатена од страна на прилепчанецот, а потоа на 12 ноември добиле онаква каква што нарачале. По извесно време почнало нешто да им шушти, но не биле сигурни за што станува збор, а потоа почнала да се шири и непријатна миризба во дневната соба.

Прилепчанецот со ноже отворил дел од страната не знаејќи дека всушност во гарнитурата се крие змија – смок. Од 12 ноември до денес змијата била со нив каде ја пронашле мртва бидејќи не можела да излезе. Исплашени и во шок веднаш пријавиле во соодветните институции каде се сомневаат поради намерно ставање на змијата и во тек е истрага.

ИЗВОР: ШЕТАЛИШТЕ

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ