Љубов и секс

Љубовта трае три години

Се раѓаме со тоа се раѓа и желбата за љубов.Да сакаме и да бидеме сакани.Најпрво онаа детска љубов која ја сакаме од нашите родители,па и со неа се јавува љубомората.

Се прашуваме дали нашите родители се сакааат повеќе меѓу себе или не сакаат нас најмногу.Потоа растеме и чуствуваме љубов кон наставничките,кон другарчината.И доаѓа онаа љубов таа што останува во нас “засекогаш” онаа најсилната.Најсилна љубов е онаа која не е возвратена.

Би ми било помило тоа никогаш да не го дознаев, но тоа е цела вистина. Нема ништо полошо отколку да сакате некого кој не ве сака вас, а истовремено тоа е најубавата работа која некогаш ми се случила. Да сакате некого кој и вас ве сака тоа е нарцизам. Да сакате некого кој не ве сака тоа е љубов. Љубовта е величествена катастрофа: да знаеш дека се залетуваш во ѕид и сеедно да забрзуваш, да се втурнуваш во пропаст со насмевка на усните.

Љубовтса е единствено програмирано разочарување, единствена предвидлива несреќа која бара репете.Се трудиме,се бориме и не успеваме,па доаѓа некое разочарување,депресии,и се со тек на време се избледува.Љубовта е тест за одреден период првата година велиш: Ако ме оставиш ќе се УБИЈАМ! втората година велиш: Ако ме оставиш, ќе страдам, но ќе закрепнам. третата година велиш: Ако ме оставиш, ќе отворам шампањско.“

Всушност љубовта не е толку лоша работа посебно она невозвратената од година во година те прави се посилен и посилен после овај тежок период стануваш една многу позрела личност од претходно,многу појака,и многу “полоша” во добра смилса на зборот . Големо благодарам на оние неблагодани, оние кои не ја почитуваат вашата искрена љубов и голема храброст.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top