Фудбал

Прекин во Прилеп: Фрчеа камења и столчиња на сите страни! (ФОТО)

Дваесетина минути откако Пелистер и Вардар го започнаа 55-то дерби во реванш осминафиналето во Купот на Македонија, инцидент на трибините предизвика прекин на мечот во Прилеп.

Во најфудбалскиот град во земјава допатуваа дваесетина вардарови навивачи и само 20 минути требаше за да се случи инцидент, откако од надвор со камења „домаќините” почнаа да маваат по Комити со камења, по што следеше реакција на скопјаните кои „вратија” со скршени столчиња се бранеа.

Сето тоа беше искра да се запали и публиката близу Комитите, која исто така почна да фрла кон нив, а скопските навивачи да возвраќаат, но физички контакт за посериозен инцидент немаше. Поради инцидентите, мечот беше пет минути во прекин, по што дуелот на кој црвено-црните имаат предност од 4-1 по првиот меч продолжи и Вардар веќе води со 2-0.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ