Љубов и секс

Крај

Долго одеа по улицата.Полната и светла месечина ги следеше на секој чекор.Се кршеше на парчиња светлината врз улицата.Таа имаше впечаток дека тој беше некако весел и не ја чуствуваше нејзината тага.

Ја опсипуваше со топли бакнежи и топли зборови кои ја охрабруваа.Стигнаа најпосле кај улицаата каде што таа им се препушти на неговите врели и страсни усни.За сето тоа време со нив беше месечината и тишината на ноќта.Се приближи кон неа и ја одвои од неговите раце.Таа потона.Полека се прибра и целата тишина ја наруши со „Ти си со неа „ ?! Застанаа неподвижни како се наоколу да беше скаменето.

Се гледаа без трепнување,постоеше месечината,звездите, и двојната тишина меѓу нив.Тишинта ги убиваше,беше неподнослива.Таа имаше желба да го слуша неговото шепотење,желба да избега од тој скаменет поглед,желба за одговор кој ќе ја израдува.Но,не беше така.Тишината доволно кажа,а на крај и гласот одекна:Да,но јас сум со тебе!Со нив беше и понатаму истата месечина и истата светлина врз улицата.

На хоризонтот се појави млад вљубен пар ,а таа само со крајот на нејзиното око ги погледна како црна дамка,затоа што го набљудуваше него и неговите зелени очи.Таа направи неколку чекори,тој не се ни поммрдна.Можебе поради сенката на неговото лице изгледаше како да се смее.На неговиот повик таа застана и се сврти.Ја вкочани неговиот поглед.Остана сама и и го пропушти неа.Тогаш се се заниша.И изгледаше дека небото се отвори со свое пространство за да истури оган.Сето нејзино суштество се напрегна и ја стегна гушката во грлото за да не заплаче.Не можеше.

Нејзините очи беа заслепени од магливата завеса од солзи.Со едно прашање ја наруши рамнотежата на ноќта,извонредна тишина на слепата улица.Каде што започна нивната љубов,каде што се прекина нивната врска но не и нивната љубов.Тој продолжи да стои, а таа одеше,чекореше како во облаци…Размислуваше за него и за неа.Настојуваше да не мисли веќе,се присилуваше да го сврти текот на мислите.

Го слушаше нејзиното срце,го слушеше и неговото но повеќе немаше храброст да се сврти .Миристите на ноќта и на земјата и ги освежуваа влажните очи.Чудесната мир на таа есен,есен која навлегуваше во неа како плима,ја обвземаше,ја смируваше.Остана сосема сама и празна без неговите зборови и бакнежи.Не разбираше зошто и беше одземено она што не му правеше зло никому!!

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ