All for Joomla All for Webmasters
Љубов и секс

Ахх тајно моја..

Засекогаш “во коси да ти спијам” Ех јас да сум твојата „малечка“, но и помалку „студена“ и заедно да играме „руски рулет“ таму „некаде во ноќта“ и „усни на усни“ да го дочекаме утрото. „Ех да сум злато“ и „најдрага“ твоја и засекогаш „во коси да ти спијам“, а нашиот живот да биде „игри без граници“.

На нашата „магија“ секој да и позавиди. Слатка „казна моја си ти“. Секогаш да ми велиш дека „после дождот доаѓа сонце“ и „лошо ти стои“ да ме прекориш кога не ти посветувам доволно внимание. Никогаш спалната да не ни постане „соба за тага“ и никогаш да не почувствуваме „немир“ и „громови на душа“. Таа нека биде „место на злосторот“ на нашите љубовни игри, а моите „рани на усни“ нека бидат сведоштво за тоа.

Секое утро „го молам небото да ми те врати“ поскоро. „Ако ме погледнеш во очи“ ќе сфатиш дека она што го чувствувам е вистинско и дека за мене навистина „никој како тебе не бакнува“. „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ се мојата животна инспирација, а „ако ме погледнеш во очи“ ќе потонам како и првиот ден. Постојано се будам со пеперутки во стомакот и копнеам „има ли ден за нас“ одново и одново, а кога гледам „сонце во твоите руси коси“ душата ми се разнежнува. На секое твое прашање „среќна ли си ти“, јас ќе ти кажам дека ти си моето „полско цвеќе“ кое ми го разубавува животот и без чиј мирис не можам.

Ти си мој „син божји“ и секогаш сум среќна дека во тебе „душа остана“. Со тебе јас не знам како „солзи прават златен прстен“ и никогаш не ме доведе во ситуација да ти кажам „немаш ни благодарам“. Во дворот под нашата стара „цреша“ би сакала да уживам до крајот на животот со тебе, а белузлавата „месечина“ да ни биде сопатник. Ах „тајно моја“ навистина те сакам.

ВРВОТ