Љубов и секс

Благодарам што постоиш..

Љубов ли е што ли е?! Па, како да ви објаснам, хмм воопшто не го познавав момчето во кое се вљубив. Чудно ,седејќи во ходникот здогледав едно виско момче, богами да не лажам со слатка насмевка и кафеави очиња полни со милост.

Се запрашав: „Сум го видела ова момче предходно?“ ама не, не сум го видела, а сме учеле во исто училиштее божее Емили си реков.

И се знае љубовта денес почнува од Facebook,Instagram,Snapchat и незнам уште што. Половина час претурав по социјалните мрежи, но залудно. Одеднаш ми стигна известување на Инстаграм и по навика гледам и што да видам, момчето кое јас го барам половина час веќе ме следи на Инстаграм. Така ти оди тоа лајкни тој, лајкни јас и оп Фејзбук пријателчиња. Беше четврток навечер, пишувајќи испадна дека ние стажираме во иста болница, па решивме дека би било добро да се запознаеме лично.

Утредента, бев спремна и излегов од дома со огромна насмевка на лицето, боже која е среќата во мене се прашував. Одејќи низ болничкиот ходник со наведната глава ме сепна гласот кој не го познавав, „Добро утро Емили, Емили така?“ исправајќи се го здогледав момчето од нашето школо и изустив во забуна „ Добро утро и на тебе Алекс, Алекс нели?“.

Во истиот момент си подадовме рака како знак на запознавање. Минуваше време се повеќе и повеќе се запознававме, па станавме добри пријатели. Си помагавме еден со друг, околу книгите за матура, се советувавме едноставно пола од денот го поминувавме заедно, но само како пријатели. Заврши школската година, дојде летото времето си течеше, а ние станувавме се поблиски и поблиски, работите почнаа да одат во друг правец, а никој не ги признаваше своите чувства.Лето како лето, друштво, журки, одмор, плажи.

Си мислев се ќе заврши дека ова сето е уште еден сон, но сум се излажила и покрај толку луѓе по плажите и покрај толку места судбината е таа што спојува. Една вечер се сретнавме случајно на летната плажа незнаејќи дека е дојден на одмор. Таа вечер беше пресудна за нас, зборувавме на отворени карти и си кажавме тоа што ни тежеше веќе 3 месеци.

„Емили сакам да ти кажам дека нешто чудно се случува со мене кога ќе те погледнам секој пат, искрено јас сум заљубен во тебе.“ Седев замислена и си ги повторував во главата овие зборови, сон ли е што ли е, љубов ли е, и отсечно изустив: „ Алекс, и јас го чувствувам истото за тебе, но немав храброст да ти кажам..“ и што не ме остави да се доискажам тука се беше јасно ме прекина со бакнеж, а јас збунета од сите случувања останав без зборови.

Со насмевка на лицето ми рече „ Девојко, од денес си ми мојата понежна половина.“ Искреноста му блескаше во кафеавите очи, толку мили и убедливи дека ќе ме чува до себе засекогаш. И тоа се случи, и денес сум со човекот кој го сретнав низ школските ходници и денес сум среќна што е покрај мене и ме чува исто како привот ден. И далеку е, далеку но ете ме го чекам пак, ќе дојде на нашето место и ке бидеме среќни.

Секогаш е така. Ќе ми речат далеку од очи, далеку од срце, а јас ќе им вратам далеку од очи блиску до срце.

Нека луѓето ќе зборуваат секако, ама колку и да е далеку јас сум таа што го чека со истата насмевка и со истата љубов како првиот ден. Јас сум неговата половина, кога е со мене сме едно цело. Ејј љубов ли е…

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ