По повод 11 Октомври предвидени се низа манифестации и натани за сите вкусови во градот под Марковите кули. Оваа година својот 15-сетти љубилеен роденден ќе го прослави и фестивалот „Ѕвездички“
на кој за време на двете фестивалски вечери најмладите ќе имаат можност да ги погледнат изведбите на ѕвездичките од нашата држава и пошироко. Како можност за забава е и петочното отварање на Скејт паркот со настап на двете прилепски рап групи „Станица 048“ и „The Titanium“ и велешките рапери „Avtorizacija“ кои го носат и DJ Popeye.
Централната прослава по повод Денот на народното востание на Р.Македонија е во сабота на камената бина на плоштадот „Александрија“ каде покрај спектакуларниот огномет и импровизираниот напад на Участакот предвидено е забава за најмалдите со настап на учесници од фестивалот „Ѕвездички“ и концерт на популарната македонска пејачка Сара Мејс.
На пресс конференцијата беше истакнато дека Ц.К „Марко Цепенков“ е резевна опција за празничната забавна програма доколку за тоа не дозволат временските услови. Поради неповолните временски услови, параглајдинг натпреварот „Prilep Open 2015“, кој требаше да се одржи во сабота и недела на полетувалиштето во Трескавец, е поместен за на 24 и 25 Октомври.
Програма за празникот 11-ти Октомври
08-10 Октомври 2015 (четврток, петок, сабота)
- 11:00-18:00ч.: Фестивал на медот – Плоштад „Методија Андонов – Ченто“
09 Октомври 2015 (петок)
- 10:30ч.: Улица „11-ти Октомври“ – Поставување на камен темелник
- 12:00ч.: Формирање на Македонското знаме – балетски перформанс, Плоштад „Методија Андонов – Ченто“
- 18:30ч.: Изложба на грамофонски плочи, Библиотека „Борка Талески“
- 19:00ч.: Фестивал „Ѕвездички“, ЦК „Марко Цепенков“
- 19:30ч.: Изложба на Мирослав Масин, Галерија во ЦК „Марко Цепенков“
- 21:00ч.: Скејт парк – Хип хоп забава
10 Октомври 2015 (сабота)
- 10:00ч.: Прилеп Open 2015 – Параглајдинг натпревар – полетувалиште Трескавец (поместен за на 24 и 25 Октомври)
- 12:00ч.: Изложба на килими – Организација „Мајка Традиција“, Плоштад кај Градскиот Саат
- 12:30ч.: Крводарителска акција, ЦК „Марко Цепенков“
- 13:30ч.: Поставување на камен темелник на нова зграда на „Кеј 9-ти Септември“ (Стар суд за прекршоци)
- 18:30ч.: Централна манифестација, Камена бина, Плоштад Александрија
- 18:35ч.: Настап на учесници на интернационалниот фестивал „Ѕвездички“ 2015
- 19:30ч.: Поздравен говор на градоначалникот на Општина Прилеп – Марјан Ристески
- 20:00ч.: Огномет
- 20:15ч.: Концерт на Сара Мејс
11 Октомври 2015 (недела)
- 08:00ч.: Положување на цвеќиња на Могилата на непобедените и пред спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу
- 09:00ч.: Прилеп Open 2015 – полетувалиште Трескавец (поместен за на 24 и 25 Октомври)
- 10:00ч.: Традиционално пензионерско дружење, Ресторан „Евро“
- 19:00.ч: Фестивал „Ѕвездички“, ЦК „Марко Цепенков“