Забава

ВЕ МОЛИМЕ ДОСТА СО ПЕТАРДИТЕ: 5000 домашни миленичиња умираат секоја година од петарди

Петардите можат сериозно да ги преплашат и повредат домашните животни,а може и да умрат од срцев удар. Поради тоа друштвата за заштита на животните апелираат да на тоа да се забрани употребата на петарди и друг пиротехнички матерјал за претстојните Новогодишни празници како и во текот на цела година.

За претстојните празници се користи доста петарди и пиротехнички матерјал кој е непосакуван за сите животни, како и за поголем дел од луѓето кои сакаат мир и сигурност за себе и своето семејство.

Секоја година со лудувањето со петарди и пиротехника се повредени и десетици луѓе, најмногу се загрозени децата но и повозрасните заради неисправно ракување со петардите. Не често заради неправилно ракување луѓето остануваат без некој прст, цела рака а во најекстремните примери доаѓа и до слепило. Исто така и животните не се поштедени, од петардите освен што може да бидат повредени, може и да умрат од срцев удар, поради паничното бегање од силниот тресок.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ