Забава

Книгата која прави чуда

Книгата која е пред вас прави чуда,, Oва е испишано на насловната страна на една од најчитаните книги МОЌТА НА ПОТСВЕСТА од Џозеф Марфи.

Потсвеста е најголемата патека по која се одвива нашиот живот и секако истата може да биде регулирана од нас самите. Човечкиот ум создава чуда, односно тој претставува градина. Ако посеваме убави мисли, ќе вродат убав плод, ако посеваме лошо семе, односно лоши мисли, ќе се роди лош плод.
Секој може да ја долови својата потсвест за да делува позитивно на своите мисли, на животот  и воопшто на делата што ги прави.
Со моќта на потсвеста многу болни се излечиле, многумина успеале во животот да постигнат успех за кој е потребно да веруваш во себе и секој ден да и кажуваш твојата потсвест: ЈАС МОЖАМ. Затоа што убавите работи се случуваат само ако силно веруваме во нив.

Книгата не учи на тоа дека животот треба да биде сведен на благосостојба, радост, љубов, позитивни мисли, благодарност кон моќта што ја има секој човек.
Книгата е светски бестселер. Ги прави луѓето позитивни,  влева самодоверба и не тера да ја следиме позитивната страна на животот.
Чудата постојат. Верувајте во својата потсвест и верувајте дека оваа книга прави чуда и може да ги смени вашите размислувања.
Вреди да ја прочитате и да го промените својот живот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ