Забава

Инспиративни цитати за патување

Еве зошто треба да го спаковате куферот и да тргнете на патување:

1.Патувањето од илјадници чекори започнува со еден чекор. (Lao Tzu)

2. Светот е книга и оние кои не патуваат читаат само една страница од неа. (Augustine of Hippo)

3. Не сите кои талкаат се изгубени. (J.R.R. Tolkien)

4. Добро е да има крај на некое патување, но нека биде патување кое вреди. (Ernest Hemingway)

5. Да патуваш, значи да живееш. (Hans Christian Andersen)

6. Една дестинација никогаш не е само место, туку нов начин на гледање ан работите. (Henry Miller)

7. Никој не може да го открие светот за некој друг. Само кога сами ќе го откриеме може да ни стане заедничко место и заедничка граница каде сакаме да се пронајдеме себе. (Wendell Berry)

8. Секој од илјадниците градови ширум светот има свое посебно зајдисонце за кое вреди да го посетите. Ако ништо друго, барем да го видите залезот на сонцето. (Ryū Murakami)

9. Живееме во прекрасен свет полн со убавина, шарм и авантури. Нема крај на авантурите само ако ги бараме со широко отворени очи (Jawaharlal Nehru)

10. Лично сакам да одам на места каде што не знам да го зборувам јазикот, не познавам никого, не го познавам градот наоколу и немам ограничување кои ме контролираат. Се чувствувам жив и буден на различни начини како што не се чувствувам дома. (Michael Mewshaw)

11. Додека не тргнав да патувам, никогаш не знаев дека светот може да биде прекрасно лудило.(Justina Chen)

12. Никој не сфаќа колку е убаво патувањето додека не се врати дома и не си легне на својата перница. (Lin Yutang)

13. Има нешто магично во одењето некаде далеку и враќањето назад, целосно променет. (Kate Douglas Wiggin)

14. Да познаваш некого само во домот, не е целосно запознавање. Но, да запознаеш некого на патување само со неговиот ранец на грб, тоа е допирање до суштината и откривање на внатрешната личност. (John Tibbetts)

15. Барем еднаш годишно оди на некое место каде што не си бил претходно. (Dalai Lamа)

16. Патувањето е најдобар учител. Единствениот пат до отворениот ум е качување во авион и летање ширум светот. (C. JoyBell C.)

17. Кога патувам луѓето велат „Уште едно место во светот“, но јас гледам уште еден свет во секое место каде што одам. (Vivek Thangaswamy)

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top