Фудбал

Нападнати фудбалери на Металург, поранешни играчи на Победа

Несакан мал инцидент на трибините се случи на дерби дуелот од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Тетекс и Победа, кој го привлече вниманието и на двата табори од каде се вклучија во смирување на страстите.

Како што истакнаа по мечот членови на ФК Победа, од навивачката група на Тетекс, „Војводите“ на трибините на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, по третиот гол на прилепчани, всушност биле нападнати тројца актуелни фудбалери на Металург а поранешни играчи на Победа и 11 Октомври од Прилеп.

Непотребни случувања на трибините на натпревар кој беше навистина квалитетен и максимално коректен на теренот. За жал нападнати беа наши поранешни играчи, а сегашни членови на Металург, па затоа мораше да интервенираат и играчите и членовите на стручниот штаб на Тетекс, за да ги смират страстите- истакнаа од таборот на ФК Победа.

А, како што дополнија, од „Војводите“ биле нападнати актуелните фудбалери на Металург, Јорданчо Наумоски, Давор Талески и Дарко Илиески кои од трибините на „Борис Трајковски“ го следеле настапот на својот поранешен клуб.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ