Присуството на победникот од Х-Фактор Даниел Кајмаковски на денешната прес конференција посветена на „Фестивалот на пивото – Прилеп 2014“ предизвика вистинска еуфорија кај неговите обожаватели
, а медиумите имаа можност лично од него да чујат дека му преставува особена чест што оваа година него му припадна честа да го отвори фестивалот Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека подготовките и за овој дванеесети по ред настан се пред самиот крај и дека Прилеп како и сите предходни години е спремен да ги прими сите љубители на пивото, скарата и забавата од 17 до 20 Јули понудувајќи им кавлитетен пречек со максимална инфраструктурана подреденост, почнувајќи од паркинзите сместувањето па се до бесплатниот кампинг простор на Могилата. Воедно на оваа прес конференција беа промовирани и новите униформи што ќе бидат унифицирани за сите хостеси, а се донација за градот од реномираната текстилана фирма „Баки комерц“.