Само што се појавија гласините дека Sony работи на смартфон кој ќе биде наменет за зависниците од селфи фотки, компанијата и официјално го потврди Xperia C3.
Со предната камера од 5 мегапиксели и LED блиц, Sony тврди дека ова е најдобриот селфи телефон во светот. Xperia C3 поседува 5,5 инчен 720р екран, процесор со четири јадра и 1,2GHz, задна камера со 8 мегапиксели, 4G, Android Kitkat 4.4 и батерија со капацитет од 2.500mAh.
Иако C3 е можеби првиот смартфон со блиц од предната страна, камерата од 5 мегапиксели не е најдобра во класата. Huawei Ascend G6 како и HTC One (M8) поседуваат предна камера од 5 мегапиксели, а премиум моделот Ascend P7 има камера од 8 мегапиксели од предната страна Sony Xperia C3 би требало да стартува со продажба во август, а прво ќе биде достапен во Кина.