Шоу бизнис

И Ѓоковиќ се впушти во брачните води

Големата свадба доаѓа за само уште еден ден. Идните младоженци вечерва ќе имаат прекрасна забава , додека утре се закажува големата и гламурозна свадба во ресторанот „Аман“ на Кралската плажа на Свети Стефан во Црна Гора.Јелена и Новак уште вчера пристигнале во Црна Гора со првиот лет,а со редовна авионска линија пристигнале и родителите на младоженецот.


Младите побарале потполна дискреција, па собарките, хостесите, готвачите, обезбедувањето и сите останати кои биле ангажирани за свадбата потпишале дека во никој случај нема да откриваат детали околу свадбената церемонија при тоа нема да користат ни мобилни телефони и фото апарати.

Како што пренесуваат српските медиуми , додека трае веселбата туристите нема да имаат пристап до островот исто така и дел од патот ќе биде затворен два дена.

Освен новинарите, кои доаѓаат од цел свет, многу фанови на Ѓоковиќ уште од вчера почнаа да се фотографираат пред Свети Стефан, скандирајќи го неговото име.

-Не сакавме да ја испуштиме можноста да се фотографираме пред местото каде што Ноле ќе се венча. – Изјавуваат туристи од Англија. Околу декорацијата за свадбениот простор се ангажира невестата Јелена.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ