Технологија

Нова реклама од Samsung, ги исмејува корисниците на iPhone за нивната слаба батерија

Samsung оваа недела претстави нова реклама за нивниот најнов модел Galaxy S5 во која што на интересен начин ја прикажува разликата во

корисничкото искуство помеѓу нивните корисници и корисниците на iPhone кога се работи за батеријата на уредите.Дејството во рекламата се одвива на аеродром, каде што корисниците на iPhone се прикажани како цело време се приклучени на секој извор на електрична енергија што може да се најде. Така, тие седат по подовите до штекерите, во тоалетите, а толку голем број од нив бараат да го приклучат својот iPhone што веќе и нема место. Прикажани се како срамежливо седат и ги гледаат корисниците на Samsung како слободно шетаат без потреба од приклучување на нивниот телефон.

Корисниците на iPhone коментираат како слушнале дека треба да биде претставен нов iPhone, за кој што се надеваат дека ќе дојде со поголема батерија. Во рекламата Samsung го прикажува новиот режим за заштеда на батеријата, како и можноста корисниците да ја заменат батеријата, наместо да ја полнат потрошената. Реклмата можете да ја погледнете во продолжение.

Најсподелувани во последните 14 дена

Следете не на Фејсбук

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top