Фудбал

Започна исмејувањето за Бразил. Еве што коментираа познатите

Светската јавност уште долго ќе се занимава со полуфиналниот натпревар на 20-то Светско првенство, во кој Германија го победи домаќинот Бразил со 7-1. Оние кои се поврзани со фудбалот на било каков се вчудовидени од она што се случуваше на стадионот во Бело Хоризонте.


„Речиси 20 години работам како коментатор на BBC, а сум поврзан со фудбалот повеќе од 40 години. Во мојата кариера вакво нешто не сум видел“, рекол англискиот репрезентативец Гери Линекер.

„Трагично? Не, не е, ова е патетично. Поразот во 1950 година беше трагичен, ова беше комедија“, коментирал бразилскиот писател Маурисио Саваресе.

„Од овој пораз Бразил тешко ќе се опорави. Мислам дека некои фудбалери ќе се простат од националниот тим, но сега не треба да ги критикуваме. Германците ни одржаа фудбалска лекција на теренот. Ние сега мора да почнеме да ги учиме основите на модерниот фудбал“, рекол поранешниот бразилски репрезентативец Жунињо.

„Ова е најголемата сензација во 84-годишната историја на светските првенства. Ова беа 10 минути на целосно затемнување за сите Бразилци. Така не може да игра еден тим во полуфинале на Мундијал“, напишал најпознатиот бразилски ТВ коментатор, Галвао Буено.

„Не знам како ова ќе го преживеат бразилските играчи. Плачеа пред мечот, а плачеа и по натпреварот. Емоционално се распаднаа од своите и од туѓите очекувања“, рекол легендарниот германски голман Оливер Кан.

„Во историјата на фудбалот не постои сличен натпревар. Ова беше понижување за бразилскиот фудбал, начинот на кој се бранеа беше за четири нивоа под најлошото. Давид Луиз требаше да биде лидер на тимот, а тој прв го напушти бродот кога започна да тоне“, коментира Алан Хансен, некогашен репрезентативец на Шкотска.

„Тешко е да се објасни како дојде до ова. Очигледно во бразилскиот фудбал мора да се почне одново, ние и малите деца на погрешен начин ги учиме да играат фудбал“, рекол легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо, кој во 2002 година ја освои светската титула со репрезентацијата.

„Сега мора да си одиме дома кај нашите семејства, мислам дека во овој момент во Бразил само тие нè сакаат“, изјавил бразилскиот голман Жулио Цезар.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ