Технологија

Python е најпопуларниот програмски јазик за почетници на универзитетите од САД

Python е најпопуларниот програмски јазик за вовед во програмирањето на универзитети во САД. Python е омилен на 8 од 10 најпрестижни оддели за компјутерски науки, или на 27 од 39-те најпрестижни универзитети како воведен јазик за програмирање, јавува CACM.

Се започна пред три години кога MIT и UC Berkeley воведите во програмирање го заменија со Python, потег кој го проследија и популарните онлајн курсевите Coursera, edX и Udacity. Пред три години Марк Гуздиал го предвиде растот на Python па сега токму овој програмски јазик е највлијателен за првите искуства кои студентите ги имаат со програмирањето. Втор на листата по популарност е Java со 21 универзитет, следат MATHLAB које присутен на 8, С++ на 6 и С на 6, а листата ја затвораат Scheme и Scratch. Доколку ве изненадува тоа што збирот на јазици е поголем од збирот на универзитети, причината за тоа лежи поради тоа што дел од универзитетите практикуваат хибридни модели во кои се изучуваат повеќе програмски јазици.

Популарноста на Python допринесе украинскиот стартап CheckiO да собере 750.000 долари за фантастичен начин за изучување на овој програмски јазик. Идејата е програмерите со своите вештини да напредуваат во играта. Досега играчите можеа да ја играат основната игра креирана од стартапот, но CheckiO сега е отворен и им овозможува на сите да креираат свои загатки кои ќе бидат споделени со заедницата на GitHub. Дополнително втор дел со кој заинтересираните можат да помогнат е да ги преведат загатките на повеќе јазици или да помогнат за креирање на сугестии кој ќе помогнат за решавање на проблемите. CheckiO е дел од наставата на повеќе универзитети во САД, како MIT, Georgia Tech University, University of Washington.

ИЗВОР: IT.COM.MK

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ