Две жени се уапсени денеска откако со своите автомобили ги пробиле контролни пунктови на имотот на американскиот претседател Доналд Трамп во Мар-А-Лаго, Флорида, што тој планира да го посети подоцна вечерва, пренесуваат американските медиуми.
Црниот автомобил се обидуваше да се пробие до главниот влез на голф-клубот на Трамп, соопшти Кабинетот на шерифот на округот Палм Бич.
Полицајците бркале црн џип и пукале кон возилото што се движело кон главниот влез на имотот.
Според „Ројтерс“, Трамп требаше да патува од Вашингтон до Мар-А-Лаго подоцна вечерва.
Медиумите објавија дека инцидентот се случил околу 5,40 часот по средноевропско време.