Претседателот на Алијансата на Албанците, Зиадин Села, изразува длабока загриженост и негодување за, како што вели, игрите што се играат со необјавување на резултатите од изборите.
Во својот последен пост на „Фејсбук“, Села им се заблагодарува на аквиситите на Алијанса на Албанците и Алтернатива за дадената подршката, но истакнува дека преголемите доцнења предизвикуваат сомневања за можна манипулација со изборниот процес и конечниот резултат.
– Има многу информации од теренот кои не одговараат на резултатите објавени од Државната изборна комисија до раните часови утринава. Има многу сомнителни резултати на многу избирачки места. Имаше сериозни обиди, но и активности насочени кон отуѓување на волјата на граѓаните. Нашиот заеднички штаб пријави десетици вакви случаи до релевантни тела, но и до релевантни меѓународни институции, пишува Села.