Македонија

ЗК на ВМРО ДПМНЕ: Претседателот Иванов да излезе и да и објасни каде е документот со кој се гарантираше заштита на уставот и државните интереси

Соопштение Ние, претседателите на ЗК на ВМРО ДПМНЕ во Европа недвосмислено и цврсто се оградуваме од денешното предавство на седницата каде што ќе се гласа за закон за двојазичност.

Ние, претседателите на ЗК на ВМРО ДПМНЕ и целото наше членство, цврсто и недвосмислено се оградуваме и од досегашните донесени закони од оваа измислена и насила донесена власт која е донесена само за да ни наметне неуставни закони кои ќе имаат несогледливи последици за иднината на нашата држава Р. Македонија. Цврсто стоиме на ставот дека со сите тие закони, како што е и денешниот измислен закон за јазици, како што е идејата за рушење или дислоцирање на споменици на наши Македонски борци и дејци, промена на имиња на патишта, аеродроми, нема да се направи ништо добро за државата и за соживотот на народот и етничките заедници во државата, напротив ќе се продлабочат проблемите и уште повеќе ќе се оддалечиме еден од друг.

За наметнатиот „проблем“ со името нема потреба да потенцираме, бидејќи ние, како и секој нормален граѓанин во Р. Македонија немаме проблем со името. Ние претседателите и целото членство на ЗК на ВМРО ДПМНЕ во Европа и Светот цврсто и едногласно се оградуваме од свесното допуштање на нашите институции, партии и невладини организации за разградување и уништување на нашата суверена држава и тоа по етапи за конечно го сменат нашето уставно загарантирано вековно име Р. Македонија и конечно да не избришаат од картата на светот.

Затоа, едногласно бараме иземање и напуштање на сите позиции и во сите институции на нашите сопартијци почнувајќи од пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери, градоначалниците и сите советници од нашата партија. Нашата партија треба да се огради, исто како нас, од сите штетни, противзаконски и противуставни дејствија на оваа таканаречена влада. За крај, го повикуваме претседателот Иванов да излезе и да и објасни на македонската јавност каде е документот со кој овој инсталиран премиер гарантираше заштита на уставот и државните интереси?

Ние нема да бидеме соучесници и индиректно да учествуваме во уништување, обезличување и бришење на нашата држава Р. Македонија.

Со почит Претседатели и членови на Задгранични Комитети на ВМРО ДПМНЕ во Европа.

To Top