Во чест на 122 години од Македонската револуционерна борба, денеска во Прилеп се оддржа велосипедска трка Прилеп-Кривогаштани-Прилеп.
Организатор е Општина Прилеп, здружението на љубители на ридско-планински активности – Велосипед 2015 од Прилеп. Градоначалникот Марјан Ристески го отвори настанот и во изјавата за медиумите посочи
Повод за овој настан се 122 годишнината од почетокот на Македонската револуционерна борба. Стартот почнува од плоштад „Александрија, потоа се вози до Кривогаштани каде се прави мала пауза и учесниците се враќаат назад.
Останатите организатори истакнаа дека секоја година е се поголем бројот на љубителите на планинскиот велосипедизам и дека тие како Здруженија и во иднина планираат да организираат се поголем број на вакви велосипедски манифестации.