Македонија

Уште една оставка во ДИК

Членот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи за МИА потврди дека денеска до Собранието ја доставил својата оставка. Јакупи, кој во ДИК е на предлог на ДУИ, вели дека оставката е негов личен чин, а оти парите од бонусите ќе ги врати во буџетот.

Тој е четвртиот член на ДИК кој поднесе оставка откако во јавноста беше обелоденето дека зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата. Вчера тоа го направија претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Засега нема информации дека и други членови на ДИК си поднеле оставка. Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ