Постара жена вечерва го загуби животот најверојатно при обид да биде ограбена во својот дом, во зграда на улицата Галичица во Охрид. Информациите сеуште не се официјално потврдени од полицијата, пишува Ohrid1.com.
Крим техника , екипи на брзата помош и возило на погребален оператор се на лице место пред влезот на зградата каде се случил немилиот настан. Наскоро се очекуваат повеќе информации.