Македонија

ШОКАНТНО: Нов злостор ја потресе Македонија – силувано 10 годишно дете во Велес

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од с.Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете .

Пријавениот во средата, 27 јули, околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница во с.Мелница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад. После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома. Од срам не кажало никому.

Наредниот ден неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило.

Пријавеното лице е приведено вчера наутро во 06.30 часот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ