Македонија

Потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул

Синоќа во големиот аудиториум на „Hurstville Entertainment Centre“ во Сиднеј беа претставени поволностите за инвестирање кои ги нуди Владата на Република Македонија и градот Прилеп.

Под мотото „Invest in Macedonia“, амбасадорот Трпевски ги претстави гостите од Република Македонија и го отвори форумот. Македонската делегација предводена од Градоначалникот Марјан Ристески, Сашо Самарџиоски -директор на прилепска пивара, Љупчо Велески директор за извоз на Витаминка, Валентин Ристески директор за извоз на Витаминка за Австралија.

На форумот градоначалникот Ристески ги претстави проектите на градот Прилеп, досегашните инвестиции во истиот, а потоа ги претстави и новите инвестициски зони: „Прилеп 1“ и „Прилеп 2“, како и новата урбана населба „Градина“.

Од страна на инвестициони можности градоначалникот ги посочи инвестициите во приватното здравство, детски градинки и други гранки во индустријата. Овој бизнис форум го обележа крајот на успешниот престој на бизнис делегацијата од Прилеп во Сиднеј, во кој период беа остварени огромен број Б2Б средби и иницирани голем број на конкретни економски проекти. Дополнително беше потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ