Овој четврток беше откриен првиот фудбалер заразен со корона вирус.
Станува збор за 22-годишен нигериец, Пол Акпан Удо, кој го носи дресот во Сиена, италијански третолигаш.
Овој играч го пропушти натпреварот минатиот викенд поради треска, а понатамошните истражувања покажаа дека е позитивен за вирусот корона.
Официјалната статистика на корона вирусот во Италија во моментов гласи: 14 мртви, 528 пациенти досега, од кои 282 се во моментов болни.
Најпогодена е Ломбардија, економски центар на земјата со 258 случаи.