Се очекува низа на нови пресметки, после апсењето на Никола Мартиновиќ, и 8 црногорски граѓани на Карибите на брод со наркотици.
Запленувањето на 5,7 тони чист кокаин на Карибите, во вредност од 250 милиони евра, по што беше уапсен Никола Мартиновиќ (41) и осум други црногорски државјани, може да предизвика нова војна во криминалниот свет!
По пробивањето на овој товар, очигледно е дека пристаништето во Солун и Атина се повеќе се појавуваат како нови дестинации за нарко картелите во Европа.
Губењето на толку голема пратка значи дека некој ќе мора да поднесе фактура за ваков пропуст.
Тоа значи дека ќе има нов бран на пресметки, но неизвесно е каде ќе се одвиваат ликвидациите, дали ќе биде Црна Гора или некаде во Европа – вели поранешниот оперативец на ДБ, Божидар Спасиќ.
– Се сеќаваме на минатогодишната заплена на кокаин во Црното Море, после тоа имавме низа убиства. укажувајќи дека ситуацијата ќе се повтори – додава нашиот соговорник.