Македонија

Нови детали за убиството во Скопје: Двајца напаѓачи пукале, познат идентитетот

Недоразбирање помеѓу двајца пријатели заврши со престрелка во скопски Аеродром, дознава Пресс24 од полициски извори. Според неофицијални информации, во Мартин Јанушев пукал негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна.

Напаѓачот е познат и во скопското подземје. Од МВР се уште не може да се добие ниту потврда ниту демант на оваа информација.Според некои медиуми полицијата го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него. Нема информации за состојбата на застреланиот.Не еден, туку двајца напаѓачи пукале во Мартин Јанушев, кој попладнево беше убиен во населба Аеродром, дознава Фокус од неофицијални извори.

Според извори на Фокус, 25- годишниот Јанушев бил поранешен фудбалер на скопскиот тим Локомотива, а во последниот период се занимавал со кик-бокс.Поплднево тој беше застрелан со 4-5 куршуми во главата и вратот и без знаци на живот беше однесен во Градска болница.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ