Македонија

ЛАНИ ГО ИЗВЛЕКУВАЛЕ ВО КОСОВО: На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат

Дурмо турс

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија излизган на пат кон Приштина. Автобусот два дена стоел покрај автопатот.

Косовскиот портал „Дреница прес“ лани на деветти март известил дека со полиција и кранови се извлекува автобус на оваа компанија.

„Иако инцидентот се случи вчера, полицијата денес се обидува да го повлече автобусот. ’Дурмо турс’ сообраќа секојдневно од Скопје до Приштина и обратно. Не е познато дали имало повредени патници“, јавил пред речиси една година овој косовски медиум.

Министерството за транспорт и врски денес информираше дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи, покрај меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар на која се случи несреќата во која загинаа 14 лица.

„Дурмо турс“, според Министерството за транспорт за меѓународниот и за меѓуопштинскиот превоз,  има вкупно 40 автобуси.

Министерството за внатрешни работи денес потврди дека сопственикот на „Дурмо турс“ сам себе си прави технички преглед оти покрај на туристичката агенција, Дурмиш Белули е сопственик и на станицата за технички преглед на возила „АМЗ – Гостивар“. Белули денес не сакаше да одговори на прашањата од „Макфакс“ за несреќата и за техничкиот преглед на автобусите.

Извор: Макфакс

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ