All for Joomla All for Webmasters
Македонија

„Комфи Ангел“ ги исполни сите услови кон ФК Победа

Што се однесува до Победа, морам да кажам дека на крајот на оваа година тоа е едно од моите најголемите разочарувања. Јас како и секогаш ќе бидам искрена и отворена. Комфи Ангел спрема фудбалскиот клуб Победа ги оствари сите свои обврски кои што ги имаше, не само материјалните, туку и оние во кои што партиципиравме. Истакна Ирена Јакимоска, косопственик на „Комфи Ангел“.

За жал како и во сè, така и во фудбалот има премногу политика и тоа е тоа против што ние лично треба да се избориме, не може политиката да биде над нештата. Политиката треба да служи за да ги регулира односите во општеството и колатералот на сето тоа се за жал играчите, со кои што јас бев последниве две години и морам да кажам дека ми е многу жал и од мое име и од името на Комфи Ангел им се извинувам што на некој начин не се води сметка за нивните кариери. Тоа се животи, тоа се кариери во прашање и мислам дека можеше да се најди и соодветно решение за да се надмини. Не е сè завршено, се надевам дека ќе се најде нова постава, ќе се најде ново раководство кое што соодветно и професионално и понатаму ќе продолжи да ја го води клубот, овој град заслужува да има фудбал. Не викам дека досегашното раководство не го водеше добро клубот, резултатите секогаш треба да бидат репер на делата. Резултатот е одличен, со многу мал буџет, минорен буџет, сепак ја задржавме седмата позиција во првата лига и достоинствено се боревме до крај. Жал ми е што заминаа без надомест на целокупните нивни приходи, но престојат празници и како што сакаме ние да имаме, треба и тие да имаат пред овие празници, меѓутоа Комфи Ангел не можеше повеќе. Максимумот наш беше тој, ги исполнивме сите наши обврски према клубот“, изјави Јакимоска.

ВРВОТ