Откако на својот Фејсбук профил се обрати Никола Груевски околу уставните промени, набрзо стаса реакција и од поранешната министерка за внатрешни работи, токму во времето кога Груевски беше премиер.
Ретко кој можеше да очекува, но Јанкуловска упати остри критики кон Груевски, кој во Унгарија доби политички азил.
-Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото.