Македонија

Јане Ченто и во затвор не се предава, се јави од темните зандани во Шутка и порача: МАКЕДОНИЈА Е ЖИВА!

„Македонија е ЖИВА!!!

И од мене не бара ни ПОГРЕБ, ни ЖАЛЕЊЕ, ни КЛЕТВИ кон некого, ни ОДМАЗДА кон некого, туку ОСЛОБОДУВАЊЕ И БОРБА ЗА ПОДОБРО УТРО !

Македонија ќе ја огрее сонце и запомнете, ниту еден човек не е поразен доколку во него сѐ уште има храброст, така е и со државата.

Државата е народот, а народот сме ние. Ако имате сон, треба да го зачувате, а не да се откажувате, лесно е да се откажеме. Ако сакате нешто, борете се за тоа. Никогаш нема да застанеме заради тоа што се чувствуваме поразени денеска.

Патувањето до другата страна е достижно само откако ќе искусиме големи страдања.

На никаков погреб не одам, оти мртовец нема. Грабната мајка од разбојници не треба да ја одмаздуваме, туку да ја ослободиме. Впрочем, борбата за македонска држава никогаш не запрела.

Нема откажување. Немојте да се обесхрабрувате. ЗАПОМНЕТЕ ГО ТОА.

Да живее Република Македонија!!!
Смрт за фашизмот – Слобода за СЛОБОДАТА.”

Објава на Фејсбук фан-страницата „Слобода за Јане Ченто“

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ