Македонија

Еве кои пратеници гласаа ЗА, а кои против двојазична Македонија!

Она што СДСМ го ветуваше во врска со двојазичноста го исполни. Имено пратениците на СДСМ во Собранието гласаа за потреба за носење на закон за двојазичност во целата држава, кој е противуставен и против интересите на граѓаните. За двојазична Македонија гласаа пратениците на СДСМ меѓу кои Пендаровски, Локвенец, Тунтев, Богоевски, Туфегџиќ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, уште пред гласањето истакна дека неговата партија ќе гласа против бидејќи сметаат дека законот е противуставен и е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија. – Ние нема да гласаме за потребата од донесување на овој закон. Ќе ги разгледаме сите демократски постапки во следнта фаза да се отстранат слабостите во овој закон, рече Димовски. Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце.

Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот. Еве како пратениците се изјаснија за овој неуставен закон:

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ