Македонија

Две кандидатури поднесени за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

До 15 часот се пристигнати две кандидатури за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот кој утре и задутре ќе се одржи во Валандово, неофицијално дознава „курир“ од партиски извори. Правната комисија на партијата дополнително ќе ги разгледа двете поднесени кандидатури, со цел да се утврди дали истите се валидни.

Генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил пред неколку минути напиша дека со чиста мисла, со голема верба, и со отворено срце ќе ја прифати одговорноста да поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се избере на 16тиот конгрес во Валандово. Засега не се знае чија е втората кандидатура.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top