Македонија

Дошла со камера на пенкало – полицијата интервенирала по гласањето на девојка од Скопје

нерегуларности за избирачките места

Полицијата објави нови нерегуларности за избирачките места во Скопје.

По добиена пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје девојка која гласала со пенкало, на кое имало камера, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По добиена пријава дека во околината на основното училиште „Песталоци“ во Скопје се попречувале граѓаните кои оделе на гласање и биле фотографирани, полициски службеници излегле на местото на настанот и по преземени мерки било утврдено дека се работи за 28-годишната С.Ч. од Скопје. Таа била приведена во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

По добиена пријава дека на гласачкото место 2664 во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје во 13:05 часот едно непознато лице фотографирало ливче на друго лице, по што го напуштило гласачкото место преземени се мерки и активности и во Полициската станица Кисела Вода се повикани 28-годишниот И.Т. и 36-годишниот Ѓ.Г., двајцата од Скопје.

Во 12.45 часот било пријавено дека на гласачко место бр.2436 во с. Грчец било прекинато гласањето во периодот од 12.25 до 13.13 часот поради недостиг на ливчиња од гласачкиот кочан.

На гласачкото место број 399 во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар било пријавено дека А.М.(72) од Гостивар, по остварувањето на своето право на гласање, го искинал гласачкото ливче по што побарал друго гласачко ливче. Лицето било приведено во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

На гласачкото место бр.2447 во с.Ласкарци, И.П. член на невладина организација пријавил дека бил малтретиран и добивал закани од членовите на избирачкиот одбор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ