All for Joomla All for Webmasters
Македонија

До 13 часот излегле вкупно 284.942 граѓани, односно 20,45%

Вкупно 284.942 граѓани, односно 20,45% до 13 часот го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.

Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.

Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.

Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.

Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

ВРВОТ