Македонија

80 пратеници гласаа „за“, уставните промени поминаа

80 пратеници го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.

За потребата од уставни промени гласаа 80 пратеници од присутните 117 пратеници. 39-мина беа против.
Пратениците првично гласаа електронски, а потоа на предлог на координаторот на-ДПМНЕ Драган Данев се прејде на поединечно гласање. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставни промени.

По две одложувања на веќе закажаното продолжение на 61-та собраниска седница, вечерва во 22 и 20 часот конечно почна продолжението на седницата. Денеска пратениците цел ден беа во зградата на Собранието и се чекаше почетокот на седницата. Но, владејачкото мнозинство очигледно го немаше обезбедено потребното 2/3 мнозинство, па цел ден се чекаше, се разговараше, се убедуваше, а некои велат и се пазареше и уценуваше. ВМРО-ДПМНЕ уште во 15 часот побара да се премине на гласање, но претседателот на Собранието тоа не го правеше. Пратеникот Иван Стоиљковиќ оваа состојба во законодавниот дом ја прокоментира: Собранието е како сточен пазар.

Цел ден се шпекулираше дека биле обезбедени 77-78 пратеници и дека недостигале уште два гласа „за“.

Вечерва генералниот секретар на опозицијата Игор Јанушев изјави дека на нивни пратеници им се нуделе „милиони евра за да гласаат против се волјата на граѓаните на Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ го повика и јавното обвинителство за да ги испитаат овие случаи на вршење отворен притисок на пратеници.

На ова од СДСМ одговорија дека е сѐ лага и дека за ваквите клевети ќе следува судски процес.

Според сите најави и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ по ова треба да следуваат брзи предвремени парламентарни избори.

Само една од фазите во постапката за промена на Уставот. Следува расправа поединечно за секој амандман за што исто така е потребно 2/3 мнозинство.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ