Македонија

16 годишно девојче од Неготино заболено од опасната бактерија листерија

На Клиниката за инфективни болести од вчера е хоспитализирано 16-годишно девојче од Неготино, кое е заболено од опасната бактерија листерија. Тоа е десетти случај на заболено лице во Македонија од оваа бактерија, од која 4 лица веќе починаа.

Како што велат од Клиниката, кај пациентката е дијагностициран менингитис како последица на бактеријата.Според Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести и претседател на Комисијата за заразни болести, во моментов нејзината здравствена состојба е стабилна и таа не е приклучена на апарати за дишење.

Засега не се знае од каде и од каква храна ја добила пациентката листеријата. Како што велат од Комисијата, тоа допрва ќе се испитува.Сепак, од Комисијата за заразни болести посочуваат дека девојчето спаѓа во ризичните групи, а овој случај тие не го поврзуваат со претходниот пациент, што беше, исто така, од Неготино.

 

To Top