Балкан / Регион

Коѕијас: Имам добиено 800 писма со закани, куршуми и кутии со крв

Коѕијас

Ми имаат испратено куршуми и кутии полни со крв и почва полеана со крв и закани кон мене и моето семејство, открива министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз247“.

-Имам добиено 800 писма со закани за мојот живот и на моето семејство. Имам  добиено кутии полни со крв и ми велат ќе има крв од моето семејство. Имам добиено различни големини на куршуми. Каде е обвинителот?

Ова се тешки злосторства, според грчките закони, за кои не гледам некој да реагира, рече Коѕијас во интервјуто и додаде дека ги нашол и имињата и адресите и телефонските броеви на луѓето што телефонски му се заканувале, но, обвинителот не реагирал со апсење.

Осумстоте писма за кои говореше Коѕијас и се непознати на јавноста, со оглед на тоа дека од почетокот на интензивните преговори со Македонија досега, грчките медиуми објавија за само две заканувачки писма со куршуми до шефот на грчката дипломатија, со пораки „да не го отстапи името Македонија“.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ