Балкан / Регион

30 килограми хероин запленети на Градина

30 килограми хероин

Припадници на Министерството за внатрешни работи – Дирекцијата за гранична полиција во соработка со Царинската управа заплениле повеќе од 30 килограми хероин на граничниот премин Градина.

Уапсиле бугарски државјанин З.Г. (1975) под сомнение дека сторил кривично дело Незаконско производство и пласирање во сообраќајот на наркотични дроги.

Полицијата пронајде 30,4 килограми хероин, спакувана во 57 пакувања, на влезот во земјата при преглед на возило на бугарски регистарски таблички управувано од осомничениот З. Г.

Дрогата била скриена во специјално направени бункери под капакот, на задниот браник, во подот на возилото, како и во шуплините на предното десно тркало.

Како што пренесува српски телеграф, осомничениот е приведен до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

ФОТО: МУП СРБИЈА

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ