Некатегоризирано

Штрајк во Пелистер, не го игра пелагониското дерби?!

Битолскиот второлигаш Пелистер од денеска стапува во штрајк, со оглед дека фудбалерите три месеци немаат добиено плата. Доколку не им се уважат барањата, можно е и да не го играат пелагониското дерби против Победа овој викенд.

Фудбалерите на фудбалскиот клуб Пелистер, од утре (четврток) ќе бојкотираат и нема да тренираат. Исто така најавуваат дека нема да го одиграат пелагониското дерби од 12. коло, во кое Пелистер на домашен терен ја пречекува прилепска Победа. Како главна причина за оваа одлука се смета тоа што фудбалерите веќе 3 месеци немаат добиено плата, а пак уште помалку премии, објавија вчера фудбалерите.

Раководството на клубот предводено од компанијата „Цермат“ го презеде клубот кога беше прволигаш и најави вложувања од околу 500.000 евра по сезона, но тоа сепак не се случи, Пелистер испадна во Втора лига, а и оваа сезона евидентно е дека кубури со финансии.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top