Технологија

Украдени лозинките на 5 милиони мејлови! Дали вашата е во нив?

Речиси 5 милиони адреси и лозинки денес беа откриени на руски форум. Админите на форумот ги отстраниле лозинките од документот, но таму сè уште стојат корисничките имиња на оние кои биле хакирани.


Според Daily Dot, околу 5 милиони хакирани акаунти и пасворди на Gmail биле објавени на извесен руски форум. Листата е оттогаш симната, а воопшто нема трага дека самиот Gmail сервис бил хакиран. Изворите велат дека многу од информациите што протекле се прилично стари, но сепак, околу 60% од пасвордите се сеуште валидни (што е многу сериозен проблем).

За да проверите дали вашиот Google акаунт е безбеден, се што треба да направите е да ја впишете вашата e-mail адреса во оваа веб-алатка. Ако сте параноични, можете да замените неколку карактери од адресата со ѕвездички, а алатката ќе ви ги прикаже сите можни совпаѓања. За да го направите тоа, кликнете ТУКА

Се разбира, промена на пасвордот никогаш не е лоша идеја, па ниту сега. Истото важи и за опцијата за „двојна проверка на автентичноста“ што ја нуди сервисот (внесување на тел. број или алтернативна e-mail адреса). Подобро е да е уклучена.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ