Технологија

Популарниот MSN заминува во “пензија” на 31-ви Октомври

Можеби ќе ви дојде чудно дека оваа порано позната програма за разговарање со пријателите се’ уште постои. Сепак од минатата година сите корисниците мораа да се префрлат на Skype, каде што беше префрлена и нивната листа со контакти, односно Skype беше направен да работи и со вашите стари MSN контакти.

Тие контакти уште се означени со Messenger ознаката под нивното име, па можете да ги распознаете од вашите Skype контакти. MSN Messenger, односно Windows Live Messenger како што беше подоцна наречена оваа програма, минатата година кога за сите корисници престана да функционира, остана да работи за кинеските корисници. Популарноста на Messenger во Кина била доволно голема, за да од Microsoft одлучат само таму да не ја прекинат можноста за користење.

Сепак, беше очекувано дека и тоа нема да трае многу подолго, па оваа недела корисниците почнале да добиваат email пораки во кои што стои дека сервисот ќе биде целосно прекинат до 31-ви Октомври. Корисниците, исто како и другите минатата година, ќе можат да продолжат да комуницираат со истите контакти преку Skype. Сепак денес постојат доста нови и популарни решенија, па од Microsoft со цел да ги мотивираат корисниците да продолжат со користење на Skype, наместо некое од нив, им нуди по 2 долари во кредит за разговори.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ