Технологија

Nvidia Shield Tablet: Најдобриот таблет за гејмери (ВИДЕО)

На пазарот на кој доминираат играчките конзоли на Sony и Microsoft, Nvidia се реши за пробивање во сосема друга насока. Тие сакаат да ги освојат гејмерите со таблет компјутер специјализиран за играње.

Nvidia Shield Tablet е 8-инчен Android уред кој функционира на Tegra K1 процесор, а компанијата го најави со многу пофалби. Моделот со 16 GB и WiFi ќе чини 299 американски долари кога ќе се појави следната недела на пазарот, а ќе располага и со 2GB работна меморија и microSD слот, LTE опција, камера од 5-мегапиксели и IPS екран со FullHD резолуција.

Компанијата наведува дека има 400 игри оптимизирани за него, а освен за играње Android игрички, ќе може да се користи и за играње стриумувани игри од компјутерот, а може да се користи и како минијатурна конзола. Со купувањето контролери кои чинат по 59 долари (уредот подржува до четири) и поврзувањето со телевизорот, Shield во вистинската смисла станува мини конзола. Меѓу пофалбите на Nvidia е и таа дека освен за играње, таблетот ќе може да се користи успешно и за други задачи.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ