Спорт

Инцидент на Африканскиот куп на нации помеѓу Гана и Гвинеа, полицијата ги растеруваше со хилихоптер !!!

Денес се одигра и полуфиналниот меч од Африканскиот куп на нации помеѓу Гана и Гвинеа. Мечот се одвиваше во најдобар ред барем на самиот почеток. Први до водство дојдоа Гана кој преку Џордан во 42 минута. Веднаш потоа репрезентативците на Гана го постигнаа и вториот погодок и на полувреме заминаа со водство од 2:0

Репрезентативците на Гвинеа напаѓаа, но никако не успеаа да ја затресат мрежата на Гана. Во 75-та минута репрезентативците на Гана повторно стрелаа и имаа водство од 3:0. И кога сите сметаа дека се е готово, на сцена настапија разлутените фанови на Гвинеа кој го опседнаа голот. Поради тоа , оние најагресивните беа истерани од статионот, но истите не го напуштија, туку поставија обрач околу него со цел да се пресметаат со фановите на Гана. Прекинот траеше околу 30 минути, најнапред беше одлучено да се прекине мечот и да биде регистриран како службен 3:0 , што воедно беше и актуелен резултат, а веднаш потоа се доигра мечот , но само судиско продолжение од 3 минути, иако мечот беше во прекин од 82 минута. Полицијата употреби и солзавец за да ја растера толпата, па дури користеше и хилихоптер.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ