Македонската репрезентација на европското првенство во Полска има како и секогаш и секаде бучна и силна поддршка. Поддршката стигнува и од Велешани кои се најбројни во Полска, навиваат со срце и со душа Македонија да победи каде и да настапува.
Денеска е голем ден и православен празник за Македонците, Водици. На овај христијански празник Македонската Ракометна репрезентација секогаш забележувала победи на големите натпреварувања, па се очекува и денес во клучниот натпревар со Србија да се забележи голема победа, се разбира со силна поддршка на трибините и гласно навивање.