Ракомет

Одблизу со младиот и амбициозен голман на РК Борец – Александар Стојаноски

Александар Стојаноски е голман кој потекнува од школата на РК Младост од Богданци. Има настапувано за РК Зомимак Струмица и моментално е во РК Борец од Велес

Баркод.мк:  Кој е Александар Стојаноски ? Кратка биографија за Вас ?

Александар Стојаноски е голман кој потекнува од школата на РК Младост од Богданци. Има настапувано за РК Зомимак Струмица и моментално е во РК Борец од Велес.

Баркод.мк:  Од каде интересот за овој спорт ? Некоја посебна причина ?

Интересот за ракометот ми е од 9-10 години кога со татко ми отидовме на утакмица. Видов дека се игра со голема енергија и надмудрување. Имаше одлични голмани како Виктор Гигов, Денис Потапкин, Зоран Петковски и сл. и се одлучив и јас да почнам да тренирам ракомет.

Баркод.мк: Каде настапува моментално Александар Стојаноски ?

Моментално бранам за екипата на ГРК Борец од Велес.

Баркод.мк:  Како сте прифатени од новиот клуб ?

Во Велес е супер брзо се вклопив одлично сум прифатен од играчите, управата, навивачите се е во најдобар ред. Тренираме напорно се спремаме за секоја утакмица чекор по чекор.

Баркод.мк:  На натпреварот со РК Прилеп имавте инзворедна одбарана која беше на најавни шпици. Какво беше чувството ?

Искрено не ни помислував дека ќе имам таква одбрана. Тоа беше момент играчот ме помина и едноставно немав друго решение во тој момент пресуди искуството. Секако чувството е неверојатно. Ретко кој може да направи ваква одбрана но со оваа одбрана расте мојата желба за докажување.

Баркод.мк:  Дали размислувате да заиграте надвор од Македонија ?

Да тоа му е сон на секој спортист. Но се во свое време.

Баркод.мк:  Што би им препорачале на читателите на Баркод.мк ?

На читателите на Barkod.mk им препорачувам да бидат во тек со најновите настани и случувања на порталот Barkod.mk бидејќи се НАЈДОБРИ.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ