Фудбал

Неверојатно: Одбрани три пенали во еден натпревар!

Голманот на белгискиот прволигаш Мехелен, Жан Франсоа Жиле синоќа му помогна на својот тим да го избегне поразот од Андерлехт во Брисел, откако успеа да одбрани три удари од 11 метри!

Ветеранот направи неверојатен подвиг, тој уште во првите 14 минути одбрани два пенала, најпрвин го скроти ударот на Прает во седмата, а потоа и на Окака во 14-та минута. Окака во 55-та минута успеа да го совлада Жиле и да му донесе водство на Андерлехт.

Најтрофејниот белгиски клуб можеше да ја завери победата во 89-та минута, но брилијантниот Жиле одбрани уште еден пенал, најстрогата казна ја изведе Тилеменс. Поради овие промашувања фудбалерите на Андерлехт беа сурово казнети кога Сенегалецот Мбоџи си постигна авто-гол во 93-та минута и го постави конечниот резултат 1:1. 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ