Запознавања,дружење,зафрканции ,кафина, мафина,муабетчинаа..Ии се само со еден човек,човек кој се појави од нигде никаде така ненадејно,ете баш тој човек и стана нејзино „се“.
Тој секогаш ги правеше работите кои неа и беа најслабата точка.Секогаш знаеше на најдобар начин да ја насмее,некогаш и да ја налути,да ја натажи,да ја бакне на најпосакуваниот начин,да ја наежи со некој сладок збор,да ја погледне на поинаков начин и само со тој поглед ги променуваше чуствата кај неа и ги прекршуваше сите ветувања,ги заборавше дури и работите кои се случиле пред пет минути.Ете баш тоа неа ја правеше мека,наивна личност,личност која знаеше се да заборави и да продолжи понатаму и најчесто ќе речеше „-не ме интересира твоето вчера ме интересира нашето утре драги“.